Програма
15ти Поетски слем Македонија
9 - 12 октомври 2025
Конкурс за учество на јубилеен национален слем
Деценија и пол слем во Македонија
- 100+ слемер(к)и
- 9 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство
- 2 претставници на Светското слем-првенство
Поетри слем Македонија повторно го отвора конкурсот за учество на традиционалниот национален слем-натпревар!
Националниот слем-шампионат оваа година ќе се одржи по 15. пат во градот под Марковите Кули – Прилеп, на Денот на народното востание.
Пријавете се со 2 авторски текста (проза или поезија) на слободна тема соодветни за 3–5 минути изведба и 1 видео.
Текстовите треба да се приложени во 1 Ворд-документ и напишани со македонска поддршка во Тајмс Њу Роман, големина 12, израмнети налево и со единечен проред. Ворд-документот треба да биде именуван со името и презимето на пријавениот/пријавената.
Видеото да биде снимено со мобилен телефон поставен вертикално и да претставува снимка како пријавениот/пријавената изведуваат 1 од пријавените песни. Видеото да не биде подолго од 3 минути.
*** Пријавите без видео нема да се земаат предвид!
Избраните ќе се натпреваруваат на националниот слем-натпревар во Прилеп во октомври 2025 година. Текстовите ќе бидат објавени во заеднички зборник.
Победникот/победничката ќе ја претставуваат Македонија на Европското слем-првенство со можност и на Светското (ако се пласираат).
Текстовите се испраќаат на: poetri.slam@yahoo.com најдоцна до 15. септември, понедленик, до 23.59 ч.
Пријави се! Можеби токму ТИ ќе бидеш овогодинешниот/овогодинешната национален/национална шампон/ка!
Слемот е модерен, перформативен начин на интерпретирање авторски текстови од сите жанрови најчесто со натпреварувачки карактер. Петчлено жири кое се избира од публиката непосредно пред настанот ги бодува текстовите и начинот на изведба
со поени од еден до десет, вклучувајќи и децимали, од кои се исклучуваат највисоката и најниската оцена (со цел да се избегне пристрасност и деградирање на оние кои настапуваат) и се извлекува средна вредност која понатаму служи
како параметар за квалитетот на изведбата и текстот на авторот/авторката. Настапувачите/настапувачките на располагање го имаат само својот авторски текст, кој потребно е да се изведува напамет, микрофонот и никакви други аудитивни
или визуелни помагала. Всушност, „перформансот“ зависи буквално од гласот и самиот/самата изведувач/изведувачка. Секој/а автор/авторка добива пет минути за настап. Откога ќе поминат петте минути, модераторот и модераторката на вечерта
го прекинуваат. На настапувачот/настапувачката може да му/ѝ се даде можност да продолжи и по опомената, но само ако публиката се согласи искажувајќи ја својата желба преку силен аплауз. Во спротивно, се смета дека публиката не е
желна да им даде шанса да го изрецитираат текстот до крај и тие не продолжуваат со својот настап, но тоа не значи дека се дисфалификувани и за нив се гласа како и за останатите, а исто така нивните бодови се земаат предвид при изборот
на победник/победничка на вечерта. Откако ќе завршат сите настапи, се прогласува победникот/победничката на Националниот слем – натпревар.
* * *
Иако кај нас веќе цела деценија присутен на книжевната и јавната сцена, првиот натпревар на слем-поезија воопшто е одржан во Чикаго во 1984 година, па оттаму се раширува низ цела Америка, подоцна и во Европа, а од балканските држави,
редовни слем натпревари организираат Србија, Грција и Хрватска. Натпреварите на слем-поезија во Македонија дојдоа во 2010 година со меѓународната работилница за слем во Тетово чиј предавач беше германскиот слемер Мишел Абдулаи (Michel
Abdollahi), а во декември истата година Културниот центар „Контрапункт“ од Скопје одржа натпревар на слем-поезија во Скопје, кој наиде на многу голем интерес и посетеност, поради што, во јануари и во февруари 2011 година организираа
уште два слем натпревари.
Оттогаш до денес, слемот во Прилеп прераснува во настан со традиција, континуирано одржувајќи се секоја година, во организација на Игор Трпче и Катерина Батаклиева, од 2014 година во организација на Трпче и Елена Пренџова, а од пред
неколку години во организација на Трпче и во коорганизација на Пренџова, секогаш со поддршка на „Театарска работилница – Прилеп“. Во меѓувреме, слем-настаните како никогаш претходно земаат замав одржувајќи се низ скоро сите поголеми
градови во Македонија. Националниот слем-натпревар во Прилеп во 2021 се одржува по единаесетти пат и оваа година има рекорден број пријавени. Алманахот со песните на сите учеснички и учесници традиционално се публикува секоја година.
Според пропозициите, за учество на Националниот слем-натпревар во Прилеп, секоја година во септември, се отвора јавен повик на кој се пријавува со две песни. Секој/а пријавен/а настапува со двете пријавени песни објавени во зборникот
од истата година. Пријавените се натпреваруваат во два круга: во првиот круг сите изведуваат по една од двете пријавени песни, а во вториот круг настапуваат само првите три места. Жирито кое одлучува се избира од доброволките и доброволците
од публиката непосредно пред настапите на натпреварувач(к)ите.
Првата национална слем-победничка која ја претставуваше Македонија на Европското слем-првенство е Афродита Николова во 2014 година. Николова ја претставуваше нашата земја и на Светското првенство. Втората претставничка е Елена Пренџова која беше на Европското слем- првенство во 2016 година. Во наредните години на Европското слем-првенство се претставија Игор Трпче – двократно и Марија Грубор. Лани, 2019 година, на националниот слем-натпревар победи Ненад Јолдески.
Poetry Slam 2013
Poetry Slam 2015
Poetry Slam 2018
Poetry Slam 2019
Poetry SLam 2020
Poetry Slam 2021
Поетски слем 2024
ЕДНА ЖЕНА - Бранко, Трпче, Иги, Оли
Игор Станоески – “Igi Man” – гитари
Оливер Јосифовски – бас
Бранислав Николов – глас
Игор Трпчески – глас
текст: Игор Трпчески
музика: Бранислав Николов
аранжман: Игор Станоески, Оливер Јосифовски
Снимено и миксано од Горан Пајак Трифуновски, Peppermint production
Видео: Јосиф Трајкоски, Студио 163
септември, 2025




































































