Кои сме ние?
Театарска Работилница Прилеп започна со работа во 1997ма година во рамки на Синдикатот при
Народен Театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп под раководство на актерот и режисер Игор Трпчески вработен
во Н.Т.„Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Од тогаш до денес има реализирано голем број на театарски проекти, печатење и промоции на книги,
изложби, литературни читања и гостувања како:
– Гостување на претставите ЦЕНЗОР и ПЕРВЕРЗИИ од Срѓан Јаникиевиќ и Мони Дамевски во Прилеп 1997/98ма год.
– Гостување на претставите КЛОВНОВИ и Комедија Дел Арте од професор Александар Илиев од Бугарија во Прилеп 1999 год.
– Концерти на групите ДНО, Банкрот Блуз Бенд, ДАНИ, Кили и Ана, Деј Офф, Ај Кју и други од 1998 до 2007 год.
– Самостојни изложби на дипл. сликарки Марина Темелкоска од Скопје и Моника Десоска од Прилеп;
– Проектот „Почитувај ја Уметноста“ кој се однесува на мермерните скулптури и печатење на календари и картички;
– Издавање на збирките поезија: CHAINS од Гоце Димитриоски, Спомени од Васе Алексоска и Билјана Ерманоска,
Поезија од Игор Трпчески и Душата на дланка од Ивона Дамеска – Ида,
– Продукција на монодрама „Дневникот на лудиот“ од Гогољ;
– Копродукција на едукативната детска претстава ОП, СТОП ! со НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп и
– Кореодрамата за деца и младинци „Приказна за војникот“ од Ш. Ф. Рами во режија на Игор Трпчески
која се играше на репертоарот,
– Продукција на монодрамата „Јас Илија Димоски ШАТОРО“ од Петар Петрески во режија на Игор Трпчески
во изведба на Трајче Иваноски,
– Последниве три години, Театарска Работилница во соработка со Градска Библиотека „Борка Талески“ Прилеп и
Министерство за Култура традиционално го реализира проектот ПОЕТРИ СЛЕМ ПРИЛЕП.
НАГРАДИ:
– ГРАНД ПРИ награда за најдобра претстава во целина на
Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани 2008г. за „Приказна за Војникот“,
– ГРАНД ПРИ награда за најдобра претстава во целина на Фестивал
Лица без Маски во Скопје 2009г. за „Приказна за Војникот“,
– Награда за Сценографија на Бојана Артиновска на Repassage Fest во Уб, Република Србија 2009г. за „Приказна за Војникот“ и награда за глумец на вечерта на Бобан Алексоски на Repassage Fest,
– Награда Најдобра современа маска до 10 учесници на Карневалот ПРОЧКА 2009г. за „Приказна за Војникот“,
– Награда за претставата Јас, Илија Димоски – Шаторо на фестивалот АЛБА МОНО во Корча, Албанија.
Театарска Работилница Прилеп учествува на бројни културни настани организирани на ниво на градот како: Карневалот Прочка, Пречек на Нова Година на плоштад, Јубилеј 40 години на Детски градинки „Наша Иднина“, Месец на здраво дете, Поетско Маркукуле, Од нас за Прилеп, МТФ „Војдан Чернодрински“, Сите на Велосипед и други.
Претседател, Игор Трпчески
